Нездравата исхрана во денешно време убива повеќе луѓе од цигарите, а научниците откриваат дека недостатокот на важни нутритиенти може сериозно да му наштети на вашето здравје.
Еве кои намирници се сметаат за поштетни од пушењето цигари:
Бел леб
Овој производ изобилува со преработени житарици, не содржи влакна и не е хранлив. Внесот на влакна придонесува за здрава тежина и нормален крвен притисок и го намалува ризикот од дијабетес.
Енергетски плочки
Иако богати со нутритиенти, енергетските плочки можат да бидат богати и со шеќер, а повеќето содржат од 15 до 30 грама шеќер по плочка.
Нутриционистите откриваат дека здравите маснотии во текот на производството често се заменуваат со преработен шеќер за да се задржи вкусот на производот. Така, наместо здрав оброк внесуваме “шеќерна бомба”.
Овошни сокови
Овошјето во течен облик го губи поголемиот дел од своите здрави елементи, како што се влакната, кои имаат важна улога во превенцијата на дијабетес.
Иако се сметаат за едноставна намирница за појадок, куповните житарици не ја обезбедуваат истата количина на хранливост. Повеќето се состојат од преработени житарици со додаток на разни шеќери, а со преработката губат голема количина на влакна.
Извор: Espreso.rs
Поврзани артикли