Иако не дели уште многу време од објавата на следната генерација на iPhone, гласините за овие уреди стануваат се позачестени. Најновиот извештај сугерира дека премиум моделите на iPhone ќе имаат нова Wi-Fi конекција со краток опсег.
Стандардот 802.11ay, кој се уште е во фаза на развијм користи 60Hz опсег за пренос на податоци во висок проток. Новиот стандард е опишан дека функционира слично како Bluetooth, но со значително побрз пренос на податоци. Потенцијалната употребна вредност на ваквиот стандард е кај подобрувањето на AirDrop преносот помеѓу компатибилните iPhone 12 модели.
Извештајот, исто така, истакнува дека би можеле да видиме NFC AirTags заедно со iPhone 12 линијата, а се очекува дека оваа опција ќе пристигне со можноста за безжично полнење, а ќе биде компатибилна и со iPhone 11 и 11 Pro моделите.
Неодамнешните извештаи сугерираа дека Apple очекува испорака од 100 милиони iPhone 12 уреди во текот на 2020. година. Најверојатно можеме да очекуваме модели во три големини, со ретро дизајн од деновите на iPhone 4, со рамнка метална рамка. iPhone Pro моделите ќе работат и на mmWave и на Sub-6 GHz 5G мрежи. Подостапниот iPhone 12 ќе го задржи системот со две камери и ќе има само sub-6GHz 5G поддршка.