Безбедносните камери на Arlo Pro 3 конечно добија поддршка за платформата од компанијата Apple – HomeKit. Иако овие камери беа објавени и пуштени во продажба без поддршка, сега тоа е исправено.
Паметен дом со Arlo Pro 3 камерите
Со помош на Apple HomeKit платформата, досега можевте да управувате со најразлични гаџети, како што се светла, камери, уреди и многу повеќе. На листата на апликации и уреди се запишаа и Arlo Pro 3 безбедносните камери. На овој потег се чекаше од пуштањето во продажба на Arlo камерите, поточно од септември 2019 година.
Ако сакате да започнете да користите своја Arlo Pro 3 камера со HomeKit платформа, потребно е да ја поврзете со Arlo SmartHub базната станица, верзија VMB4540.
Од Arlo најавуваат дека во иднина ќе има поголема компатибилност помеѓу HomeKit платформата и нејзините паметни навики и базни станици. Со овој модел, поддршка за Apple HomeKit имаат и Arlo Pro, Pro 2 и Arlo Ultra.
Извор: PC Press.rs