Компанијата Apple ја продолжува работата во своите 29 продавници во континеталниот дел на Кина, од вкупно 42 колку што ги има во тој регион.
Бизнисот на американскиот технолошки гигант сè уште не се врати во нормала, со оглед дека многу отворени продавници работат скратено, се вели на веб-страницата на компанијата.
Минатата недела компанијата објави дека напорите за надминување на последиците од заразата веројатно ќе доведат до пад на заработката во првиот квартал на 2020 година и нема да ги исполни очекувањата од 63 до 67 милијарди долари профит.
Извор: B92.net