Милијардерот Ворен Бафет конечно стана горд сопственик на најнов паметен телефон.
Овој 93-годишен деловен магнат, кој е сопственик, меѓу другото и на 5,6 проценти од акциите на Apple, изјави дека се префрлил од флип телефон на најнов iPhone.
Интересно е дека Ворен Бафет не го купи новиот телефон, туку неколку луѓе му го поклониле, меѓу кои е и Тим Кук, извршниот директор на Apple, кој со години го убедуваше да се префрли на паметните телефони.
На интернет кружи и шегата дека Кук изјавил дека доколку е потребно, лично ќе долета до Бафет доколку му е потребен сервис за телефонот.
Ворен Бафет својот нов iPhone ќе го користи исклучиво за телефонски повици, додека најновиот iPad ќе го користи за истражување и проверка на цените на акциите.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли