Целосно новиот Volkswagen Golf 8 ја доживеа својата македонска премиера. Воедно Македонија е првата земја во Југоисточна Европа на чии улици ќе се затркала бестселерот на Volkswagen
Golf e најуспешниот светски концепт на патнички автомобил, задржувајќи ја истата филозофија и конфигурација безмалку пет децении. Пишувањето на новите страници од приказната за бестселерот кај нас започнува денес, со македонската премиера на Golf 8- дигитализиран, целосно поврзан и максимално интуитивен за употреба.
Никогаш порано новиот Golf не бил толку прогресивен. Неговата дигитализирана внатрешност овозможува нова димензија на интуитивна употреба на возилото. Системите за помош на возачот функционираат до брзина од 210 km/h. Golf 8 e првиот Volkswagen кој користи информации од сообраќајот преку Car2X, што значи дека може да предупредува на опасности уште пред да им се приближите. Еволуцијата на Golf започна пред 45 години во Волфсбург, каде низ годините се дизајнираше и рафинираше за денес да биде претставена последната, осма генерација на најуспешниот автомобил што ја дефинира и именува компактната класа.
“Во текот на седумте генерации, Golf импресионираше повеќе од 35 милиони клиенти. Целата автомобилска индустрија очекува – а и знае – дека новиот Golf ќе ги постави стандардите во класата”, објасни г-дин 3латко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија. Во однос на својата технологија, Golf го прави најголемиот скок нанапред од своето деби.
Владимир Димитровски, бренд менаџер на Volkswagen: „Овој автомобил е целосно нов. Но, секако, Golf секогаш останува Golf. Бидејќи основниот концепт е безвременски. Овој автомобил го дефинира нашиот бренд со децении. Golf постојано ги прави најкорисните нови технологии достапни за сите”.
Факт е дека новиот Golf ja прави одржливата мобилност достапна за многу луѓе. Уште повеќе, со новиот Golf Volkswagen преминува на целосно дигитализирана платформа.
Александар Цветковски, продукт менаџер на Volkswagen: “Во светот каде сложеноста постојано се зголемува, новиот Golf му дозволува на возачот да се опушти и интуитивно и лесно да управува со возилото”. Практично, сите дисплеи и контроли се дигитални: новите инструменти и поврзаните инфозабавни системи се интегрираат едни со други во пејсажен приказ со команди на допир.
Погонските опции за новиот Golf вклучуваат бензински мотори ТЅI, дизел мотори TDI, електрично потпомогнати бензински мотори еТЅI mild hybrid u бивалентен бензински мотор предвиден за погон на природен гас TGI. Сите без исклучок со турбо полначи. Моќноста за сега се движи од 66 KW/90 КС до 110 KW/150 КС. Кај еТЅI mild hybrid моторите освен електричната поддршка за дополнително намалување на емисиите помага и примената на Miller-oвиoт циклус на согорување. TDI моторите воведуваат технологија за двојно дозирање на AdBlue co помош на два SCR катализатори и постигнуваат намалување на емисијата на азотни оксиди (NOx) до 80%, со истовремено намалување на потрошувачката и до 17% во споредба со TDI моторите од претходната генерација. TDI сеуште го нема кажано последниот збор…
Системите во Golf не само што се поврзани едни со други, туку благодарение на вградената единица за поврзување на Интернет се поврзани и со надворешниот свет. Преку еЅ1М се овозможува пристап на возилото до Интернет и употреба на онлајн функции и услуги “We Connect” и”We Connect Plus” без дополнителни трошоци во период од 1 или 3 години и со гео-зависна достапност и опфат. Новиот Golf e првиот Volkswagen што комуницира со околината преку Car2X – со помош на pWLAN технологија сигналите од сообраќајната инфраструктура и информациите од други возила опремени со Car2X и оддалечени до 800 метри се прикажуваат на дисплејот пред возачот. Golf ru споделува овие предупредувања и со другите возила опремени за Car2X. Од гледна точка на безбедноста во сообраќајот, со ваквото меѓусебно поврзување и директна размена на информации меѓу возилата и патната инфраструктура се отвора ново поглавје и речиси неограничени можности за напредок.
Цените на новиот Golf во нашата земја започнуваат од 25.458 евра, а толку чини основниот Golf со 1.5-литарски TSI мотор, 150 КС и мануелен шестстепен менувач. Верзијата со 2.0-литарски TDI со мануелен шестстепен менувач и 115 КС чини 26.780 евра, додека помоќната дизел верзија со DSG мануелен менувач и 150 КС почнува од 31.417 евра. За eTSI моторот со благ хибриден систем цените почнуваат од 28.842 евра, додека за истиот мотор со автоматски DSG менувач и 150 КС во Style ниво на опременост ќе ви бидат потребни најмалку 31.373 евра. Истото ниво на опременост, но со 2.0-литарскиот TDI и автоматски DSG менувач чини 33.539 евра.