Тим астрономи утврдил присуство на молекула на кислород со анализа на светлосните бранови кои пристигнале до Земјата од Маркаријан 231, галаксија оддалечена околу 581 милион светлосни години.
Присуството на кислород во нашата атмосфера, заедно со другите гасови, го отежнува точното исчитување на светлосните бранови од далечните галаксии бидејќи обично се апсорбираат или пренасочуваат.
Меѓутоа, светлосните бранови од Маркаријан 231 настанале од она што се нарекува квази-ѕвезден објект.
Scientists discover BREATHABLE OXYGEN in a galaxy outside of the Milky Way for the first time – the only problem is it's 581 million light years away https://t.co/jhIN0shLYz
— Daily Mail Online (@MailOnline) February 22, 2020
Брановите од Маркаријан 231 покажале значително пониска бранова фреквенција од стандардните светлосни бранови што им овозможило да пројдат низ земјината атмосфера без никакви ефекти и изобличувања.
Исчитувањето на светлосните бранови било снимено на две различни локации: во Гранада, Шпанија и на Алпите во Франција.
Врз основа на анализите, тимот научници проценува дека во галаксијата на Маркаријан 231 би можело да има 100 пати повеќе кислород отколку што сега има во Млечниот пат.
Тимот верува дека понатамошните истражувања би можеле да помогнат во сфаќањето како распределбата на кислород го условува развојот на галаксијата и како тоа може да создаде одредени потребни предуслови за формирање на живот.