Научниците направиле уред кој создава струја од воздух. Се вика Air-Gen, а со помош на бактериите во воздухот може да направи доволно енергија за полнење на електрични уреди.
Овој уред наскоро би можел да ги полни батериите на нашите мобилни телефони. Една од најважните придобивки од ова би била елиминацијата на полначите од секојдневната употреба.
Безжичните полначи користат електромагнетна индукција за полнење на батериите од телефонот и другите уреди. Сепак, инженерите пронашле поинаков начин на полнење, кој не ја користи оваа технологија при вршењето на таа функција. Air-Gen генераторот користи природен проетин за создавање на електрицитет од водена пареа.
“Струјата ја добиваме од воздухот”, вели инженерот и доцент по електротехника Џун Јао од Универзитетот во Масачусетс. До големото откритие дошол во соработка со професорот Дерек Ловли.
Генераторот користи филм кој се мери во нанометри. Станува збор за протеинска жица направена од микробот Geobacter sulfurreducens, кој произведува електрична енергија. Жиците се поврзани со елктроди спроведуваат струја користејќи водена пaрeа која се наоѓа во воздухот.
Најчудесната мала структура во историјата
“Air-Gen создава чиста енергија работејќи без прекин. Тоа е најчудесната мала протеинска структура некогаш создаденa”, објаснува професор Ловли.
Air-Gen моментално може да се користи за напојување на мали уреди, но научниците сакаат да ја подобрат неговата функција. Една од првите цели е користење на Air-Gen за полнење на паметни часовници и фитнес алки.
Ако успеат во својата намера, ќе се обидат да го оспособат овој уред за полнење на мобилните телефони и ада ја елиминираат потребата за класични полначи кои моментално се користат.
“Конечната цел ќе биде направиме големи системи за производство на струја”, вели професор Ловли и додава дека струја може да се добие и од боја за ѕидови.
Извор: B92.net
Поврзани артикли