Компанијата Microsoft најверојатно пронајде начин да сочува поголемо количество податоци на неуништив материјал. Новата технологија користи посебно стакло и ласери за впишување податоци.
Кога ласерите ќе дојдат до површината на стаклото, се создаваат мали точки, наречени „воксели“.
A tiny piece of glass will fundamentally change the way we think about, store and use #data.
Learn more: https://t.co/BACeXCFGGP pic.twitter.com/3GY3DCqCnv
— Microsoft (@Microsoft) February 20, 2020
Стаклото е прилично издржливо, така што нема да се оштети ни со жешка вода, ни со челична жица, а може да издржи и температури од 260 Целзиусови степени.
Податоците впишани на ова стакло, ќе го преживеат сето тоа.