Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела виолина.
Лекарите го мапирале мозокот на виолинистката Дагмар Тарнер (53) пред операцијата за да ги идентификуваат реоните кои биле активни додека свири и оние кои се одговорни за контрола на говорот и на движењата на нејзините екстремитети.
Тие ја разбудиле среде постапката за да свири за да бидат сигурни дека нема да ѝ оштетат ниту едно клучно подрачје на мозокот кое ги котролира нејзините движења на рацете.
„Знаевме колку ѝ е важна виолината, па беше од витално значење да ја зачуваме функцијата на деловите на нејзиниот мозок кои ѝ овозможуваат да свири“, рекол професор Кејумарс Ашкан, нејзиниот неврохирург.
Тој додал дека успеале да отстранат повеќе од 90 отсто од туморот, задржувајќи ја полната функција на рацете.