Една од најинтересните карактеристики на новата Galaxy S20 серија смартфони на Samsung е освежувањето од 120Hz на нивните дисплеи. Меѓутоа, на почетокот корисниците ќе можат да се одлучат само за 120 Hz или QHD рендерирање, бидејќи модот на освежување е достапен само за Full HD резолуцијата. Меѓутоа, новите информации сугерираат дека Samsung ќе овозможи 120Hz @ QHD преку софтверско ажурирање.
Исто така, телефоните ќе можат автоматски да се префрлаат помеѓу 60Hz и 120Hz, во зависност од тоа која апликација се стартува, за максимално да се продолжи работниот век на батеријата.
Овие информации пристигнуваат на основа на скриншотот на S20 уред, кој користи нов firmware, а ја покажува новата опцијат на Dynamic освежување на екранот. Според гласините, освежувањето ќе падне на 60Hz кога температурата премине 42°C, или полнењето на батеријата падне на пет проценти. Покрај ова, телефонот ќе ја намали стапката на освежување во апликациите, како што е Google Maps и камера апликацијата.
Засега не е познато кога овој нов Dynamic мод ќе пристигне на Galaxy S20 серијата.
Поврзани артикли