„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници, чија цел е да се генерира непотребен сообраќај.
„За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш презеде безбедносни мерки, ги блокира непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации“, велат од операторот.
Оттука, апелираат корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци.
Поврзани артикли