Земји со средни приходи се Малезија, Колумбија, Индија, Јамајка, Јужна Африка и Гана додека пак земји со ниски приходи се Непал, Мали, Хаити, Либерија, Јемен и Мозамбик.
Доколку некогаш сте се запрашале каде е најскап интернетот тогаш можеби одговорот ќе ве изненади.
Африканската нација плаќа најмногу во однос на останатиот дел од светот, се наведува во известувањето кое беше објавено во изминатите денови.
Сојузот за пристап до интернет (A4Al) ја оценил ситуацијата во 136 земји со ниски и средни приходи за да го направи тој извештај.
A4AI дефинира пристапност како што е 1GB мобилни порадтоци кои не чинат повеќе од 2 отсто на месечните приходи.
Просекот на афричкиот континент изнесува 7.12 отсто, а во некои случаи 1GB чини над петтина од просечната заработка на луѓето.
Таквите цени се прескапи за сите, освен за оние богатите луѓе, се наведува во извештајот.
Исто така тие наведуваат дека примарната причина поради која што околу 49 отсто од глобалното население останува надвор од мрежа е токму поради тоа што не можат да си го дозволат истото.