Истражувачки тим од Институтот за технологија во Џорџија открил наплив на невообичаено топла вода длабоко под глечерот Твејтс на Антарктикот. Наречен „глечер на судниот ден“, името го заработил бидејќи е еден од глечерите на континентот што најбрзо се топат.
Истражувачите ги мереле водите во подземната линија, каде што глечерот се среќавал со морето, и откриле дека температурите се 2 степени над нормалната температура на замрзнување. И покрај тоа што навидум се безначајни, високите температури во овој регион од светот се големо предупредување за тоа како климатските промени влијаат врз планетата.
– Ако овие води предизвикуваат да се стопи глечерот, резултатите од промените на нивото на морето ќе се почувствуваат во повеќето населени делови од светот – изјави Дејвид Холанд, директорот на лабораторија за течности од природната средина во Центарот за глобални промени на нивото на морето Абу Даби, кој го спроведе истражувањето.
Глечерот е најранлив на Антарктикот, а неговиот колапс може да предизвика разурнувачки синџир на настани што би довел до зголемување на нивото на морето до 3 метри. Зголемувањето со оваа големина би било катастрофално за крајбрежјето и ќе резултира со големи влијанија на глобално ниво.
– Фактот дека таквата топла вода сега беше забележана од нашиот тим каде што знаевме дека глечерот се топи укажува на тоа дека може да претрпи незапирливо повлекување што ќе има глобално влијание врз покачувањето на морското ниво – објаснува Холанд.
Иако за целосното топење и подигнување на нивото на морето се потребни неколку децении, потенцијалниот ефект од покачувањето на нивото на морето и за само еден метар би можел да уништи густо населени области во Африка, Азија, САД и во Европа. Некои островски држави би можеле целосно да исчезнат, а загрозени се милиони градови, од Шангај до Венеција, Мајами, Рио де Жанеиро и многу други.
Десетици милиони луѓе ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште на повисоки надморски височини. Според процените од истражувањата објавени кон крајот на минатата година, до 2050 година подрачјата поплавени од високиот прилив ќе опфатат градови и населби каде што живеат околу 150 милиони луѓе, додека честите поплави ќе влијаат врз области на кои денес живеат околу 300 милиони луѓе.