Канадски тим открил необични радио-сигнали кои доаѓаат од галаксијата, оддалечени на 500 милиони светлосни години.
Мистериозните радио сигнали од вселената, кои се повторуваат на секои 16 дена, ги збуниле научниците.
Кратките радио сигнали ги откриле истражувачите од канадската колаборација (CHIME/FRB) и ги следеле од 16-ти септември 2018-та до 30-ти октомври 2019-та година.
Тие утврдиле дека радио брановите, чиј единствен извор е оддалечен од Земјата околу половина милијарда светлосни години, се појавуваат на секои 16,35 денови.
Во текот на четири дена се појавуваат на секои два часа, а потоа престануваат 12 дена, па се од почеток.
Научниците се надеваат дека со следење на овие мистериозни сигнали ќе успеат да сфатат како настануваат. Досега успеале да го пронајдат изворот и откриле дека сите потекнуваат од различни места во големата спирална галаксија оддалечена 500 милиони светлосни години. Меѓутоа, фреквенцијата на повторување на сигналите дополнително ги збунува научниците.
Друг тим на научници верува дека сигналите би можела да ги праќа неутронска ѕвезда.