Руски научник тврди дека постои живот надвор од Земјата, но досега потрагата по него била неуспешна поради погрешните методи на пребарување предизвикани од несогласувањето меѓу истражителите од различни сфери.
Александар Панов, главен истражувач во Истражувачкиот институт на нуклеарна физика на Московскиот државен универзитет, минал неколку години трагајќи по вонземјански облици на живот и тврди дека единствениот начин на доѓање во контакт со нив е обединување на силите на сите експерти и истражувачи во светот.
„Се разбира не сме сами. Не е прашањето дали постојат, туку каде се“, истакнал Панов, пренесува „Раша тудеј“.
Панов објаснил дека речиси не постои соработка меѓу научниците кои трагаат за планетите надвор од Соларниот Систем со оние кои ја испитуваат атмосферата на планетите во потрага за биолошки сигнали и истражувачите кои бараат сигнали од вонземјанско потекло.
Тој смета дека методите во идентификацијата на големите ѕвезди и набљудувањето на нивните планети во основа се погрешни, затоа што не се доволно темелни.
„Дури е можно на некоја планета во нашата галаксија да постои високоразвиена цивилизација која може да испрати порака во вселената, но, како нас, да нема енергетска можност континуирано да ги емитува меѓу сите ѕвезди во опкружувањето“, објаснува Панов.
Наместо емитување на сигналот во една насока во кратки интервали, тој предложува непрекинато скенирање на целото небо, користејќи мрежа на приемници ширум планетата, но исто така е свесен дека и тоа си има свои недостатоци. Тој додава дека постои можност друга напредна цивилизација да има направено карантин кој ги блокира радиосигналите за да не се меша во нашиот развиток.
Панов вели дека и астроархеологијата е исклучително важна, затоа што би можела да утврди дека вонземјаните ја посетувале Земјата во изминатите милион години. Тој напоменува дека фотографиите од Месечината кои се од висок квалитет се од суштинско значење за истрагата за нашето потенцијално вонземјанско минато.
Како што вели, досегашните забележани НЛО,не биле само убедливи и се верува дека тие феномени можат да се објаснат на понаков начин. Панов исто така верува дека комуникацијата меѓу цивилизациите е можна, но дека не е двонасочна, затоа што постои шанса некои древни цивилизации да го складирале своето цело знаење во еден вид космички виртуелен простор, кој би можел да опстане, иако цивилизациите се изумрени.