Руски научник тврди дека вонземјаните постојат, но “ние ги бараме на погрешен начин“

Руски научник тврди дека постои живот надвор од Земјата, но дека истрагите во минатото биле неуспешни поради погрешните начини на пребарување, предизвикани од несогласувања меѓу истражувачи од различни сфери.

Александар Панов, главен истражувач при Институтот за истражување на нуклеарна физика на Московскиот државен универзитет, со години трага по вонземјани, пишува Russia Today.

Панов смета дека единствениот начин да се оствари контакт со вонземски животни форми е да се соберат експерти и истражувачи од различни области и тие да работат заедно.

Во неодамнешното интервју, тој се пожали на недостаток на комуникација помеѓу истражувачите вклучени во потрагата по биолошки живот и оние кои бараат интелигентен живот во вселената, повикувајќи ги на поголема соработка и здружување на ресурсите меѓу двата сектори, кои во суштина имаат иста цел – пронаоѓање странци.

“Секако дека не сме сами. Не е прашање дали тие постојат, туку каде се“, рече Панов.

Додека некои научници и астрономи бараат планети надвор од Сончевиот систем, има такви кои ги испитуваат атмосферите на планетите во потрага по биолошки сигнали, а има и такви кои бараат сигнали од туѓо потекло. Како и да е, Панов вели дека не постои никаква соработка помеѓу тие групи истражувачи.

Тој верува дека методите за идентификување на големите sвезди и набљудувањето не се доволно темелни.

„Дури е можно на некоја планета во нашата галаксија да има високо развиена цивилизација која може да испраќа пораки во вселената, но, како и ние, нема енергетска можност да ги испушта постојано до сите sвезди во околината“, објаснува Панов.