Телефоните од Galaxy S20 линијата ќе бидат претставени вечерва на Unpacked настанот во Сан Франциско (почеток 20 часот), но тоа не спречува и натаму да се појавуваат нови протечени информации за овие уреди. Сега имаме нова фотографија во живо, на која е Samsung Galaxy S20+ 5G, а до неа дојде дојавувачот Max Weinbach.
Фотографијата покажува дека punch-hole отворот за селфи камерата е помал отколку кај претходната генерација телефони и сместен е на дното на статус лентата. Рамките околу екранот исто така се намалени.
Вториот дојавувач (Ice Universe) ги споредува долните рамки помеѓу Samsung Galaxy S20 Ultra и Note10+ моделите, а според неговите проценки, разликата е во дел од милиметар.
Не остана многу време за гласини за Galaxy S20 линијата, а вечерва ќе ги дознаеме сите официјални детали за S20, S20 Plus и S20 Ultra моделите.
Уредот ќе биде претставен вечерва, а настанот како и секогаш, ќе може да се гледа во живо, со сите потребни линкови достапни на официјалната веб-страница на компанијата, односно на www.samsung.com.
Поврзани артикли