Небото над Стимбоут Спрингс, Колорадо, САД, беше цело обоено во црвено, кога завчера вечер, во рамки на градскиот годишен зимски фестивал, е истрелан најголемиот огномет на светот.
Во спектаклот биле употребени 1.270 килограми пиротехнички средства. Тие со брзина од скоро 500 километри на час биле исфрлени 671 метар во воздух, по што се случила експлозијата. Проектот е на компанијата Стимбоут фајрворкс.
– Вложивме стотици часови во овој проект и сметаме дека месециве што следуваат ќе уживаме во плодовите на овој успех, рече раководителот на проектот и финансиер, Тим Борден.
Претставник на телото кое ја уредува Гинисовата книга на рекорди присуствуваше на настанот и им врачи сертификат за постигнат рекорд на Борден и тимот. Тие истакнаа дека веќе седум години се обидуваат да го урнат рекордот, па сега конечно успеале.
– Кога размислувате за физичките пропорции, за испраќање тон од што било во воздух, со цел експлозија, бара прилично многу осмислување, додава Борден.
Претходниот светски рекорд е поставен во Обединетите Арапски Емирати 2018 година, при што беа употребени 1.087 килограми огномет.
Поврзани артикли