Изминатите неколку месеци беа тешки за сите оние кои користат WhatsApp. Ништо не укажува на тоа дека работите ќе се подобрат наскоро.
WhatsApp неодамна ја поправи грешката која на хакерите им давал отворен пат до податоците на корисниците кои биле цел на нападот.
Доволно било невнимателните да кликнат на скриениот линк кој се наоѓал во обична порака.
Ова не влијаело на сите WhatsApp корисници, туку само на оние кои имале iOS верзија и ја поврзале со апликација за компјутер.
Оваа опасност е откриена на 4 февруари, па корисниците биле предупредувани дека напаѓачите би можеле да ја преземат контролата врз нивните компјутери и да ги користат како дел од бот мрежите.
Според експертите, ранливоста на WhatsApp би можела во иднина да претставува голем проблем, па не е доволно само што е решена оваа ситуација, пишува Mashable.