Ford јакна за велосипедисти комуницира со помош на емотикони (ВИДЕО)

Новата јакна на компанијата Ford би можела да ја подобри комуникацијата на патиштата, особено за велосипедистите, што е важно поради зголемениот број на сообраќајни незгоди во кои најмногу страдаат оние на велосипеди.

За да се подобри безбедноста при возењето, Ford дизајнираше јакна која на задниот дел прикажува емотикони, прототипот има LED дисплеј кој, кога ќе се облече јакната, се наоѓа на грбот на велосипедистот, и е безжично поврзан со тркалото на велосипедот. Така, велосипедистот може да даде информации за вртење, и потенцијалните опасности на патот, но и за сопственото расположение – преку емотикон кој може да биде среќен, тажен или нешто помеѓу.

Ford на емотикони јакни работел заедно со велосипедисти, а останува да се види дали прототипот ќе премине во производство кој во одреден момент ќе се најде на пазарот.

Извор: PC Press.rs