Платформата за гледање филмови и серии Disney+ го објави бројот на претплатници. Ги надминаа предвидувањата на експертите. На 3 февруари, имале 28,6 милиони корисници.
Disney+ започна со работа на 12 ноември и сè уште не е достапен на глобално ниво. Ден по лансирањето, компанијата објави дека услугата веќе има повеќе од 10 милиони претплатници.
„Имавме силен прв квартал, што ги надмина дури и нашите најголеми очекувања“, изјави извршниот директор на компанијата, Роберт Ајгер, пренесува TechCrunch.
Disney+ би требало дополнително да го зголеми бројот на претплатници кога ќе биде достапен ширум светот, а нивниот адут е, меѓу другото, и филмовите од универзумот Marvel.
Извор: B92.net