Зимите стануваа се потопли, океаните се зголемуваат поради топењето на големите површини со лед, многу промени претрпува планетата земја.
Според новата научна студија, климатската промена предизвикува еден од најголемите опрашувачи – бумбарот, да биде на работ на масовното истребување.
Научниците од Универзитетот во Отава, Канада, проучувајќи 66 типови на бумбари во Северна Америка и Европа докажаа дека зголемувањето на температурите го зголемуваат ризикот од изумирање.
Според студијата, веројатноста за преживување на бумбарите се намалуваа дури за 30% во рамки на една човечка генерација.
Истражувачот Питер Сороје, на својот твитер профил го објави своето истражување.
We measured change in these bees a few different ways, and each one painted the same sad picture – bumble bees are vanishing very quickly in a very short time.
In 25 years, the likelihood of finding a bee species declined on average by 46% in North America & 17% in Europe 8/n pic.twitter.com/y1VN8i3G7F
— Peter Soroye (@PeterSoroye) February 6, 2020
Тој предвидува дека за 25 години, бројот на пчелите ќе се намали во просек за 46% во Северна Америка и 17% во Европа.
Од тимот на истражувачи откриваат дека климатските промени влијаат на шансите за пчелите да се колонизираат во нови области на земјата.
Онаму каде промените најмногу се чувствуваат, има најголем пад на бројот на пчелите, истакнува студијата.