Експериментот на научникот кој траел 20 години, го потврди предвидувањето за теоријата за релативитет на Алберт Ајнштајн.
Астрономите забележале како движењето на далечниот sвезден систем ги демонстрира ефектите на „повлекување со себе“, што се случува кога небесните тела се движат во т.н. вселенско време, односно димензиите на просторот и времето се споени во едно.
Повлекување со себе било забележано на Земјата, кога сателитите го прегледале гравитационото поле на нашата планета додека ротира. Но, ефектот е многу мал, тежок за мерење и тешко може да се испита.
Помасивните предмети, како што се неутронските sвезди или белите џуџиња, им даваат на научниците шанса да го испитаат овој феномен во многу поголеми размери.
Идејата дека ротирачките тела можат да влечат простор и време со себе, први ја предложиле австриските математичари Jозеф Ленс и Ханс Тиринг, три години откако Ајнштајн ја објавил својата општа теорија за релативност, пишува Independent.
Извор: B92.net
Поврзани артикли