Facebook работи на спречување на дезинформации и потенцијално штетните содржини за коронавирусот, откако на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат лажни вести за епидемијата, соопшти американската компанија.
Според него, фокус ќе биде ставен на постовите во кои луѓето се наговараат да не се лекуваат или каде се изнесуваат опасни тврдења за лековите.
Facebook ќе го ограничи и ширењето на постови за кои е откриено дека се лажни, а на корисниците кои ги поставиле ќе им бидат испратени известувања.
Канг нагласи дека корисниците кои бараат информации за вирусот на Facebook, или оние кои ќе притиснат на соодветниот хаштаг на Инстаграм, ќе добијат поп-ап со вистинити информации за вирусот. На врвот на страницата на која корисницците добиваат нови вести, ќе се наоѓаат информации за епидемијата врз основа на препораките на Светската здравствена организација.