Археологијата посветила многу време и труд во утврдување на тоа што јаделе нашите претци, а најмалку се знае со што се хранеле новороденчињата кога мајките престанувале да ги дојат.
Науката малку знае за тоа што бебињата и малите деца јаделе во праисторијата, бидејќи е многу ретко во детските гробови да се најдат садови со остатоци од храна на дното.
Неодамна екипа од германски археолози пронашла два детски гроба во близина на Берлин и Аугсбург, во кои нашле садови кои веројатно служеле за чување на храна за децата кои биле таму закопани.
Гробовите се од европското бронзено и железно време, што одговара на периодот од 1200-та до 450-та година п.н.е.
Анализата од дното на овие садови покажала дека во нив имало кравјо и овчо млеко.
Овие садови покажале дека животинското млеко било првата храна која им се давала на децата кога мајките престанувале да ги дојат.
Извор: B92.net