Во Центарот за научно-технички услуги „Динамика“ се завршени обемни експериментално-конструкциски работи кои се реализираат за потребите на Министерството за одбрана на РФ со цел развој и воведување во експлоатација на напредни технологии при креирањето воздухопловни средства за обука од следната генерација. Ова се наведува во соопштението на компанијата.
Направени се 30 експериментални модели на технички средства за обука со различно ниво на сложеност. Некои од нив се создадени во Русија за прв пат. Најпрвин беа креирани експериментални модели на наставно-тренажни системи кои опфаќаат симулатори од најголема категорија на сложеност на динамична платформа за обука на хеликоптери Ми-28Н, Ми-8МТВ-5-1, Ми-8АМТШ, Ка-226В, Ми-26 и Ансат-У.
„Во состав на експерименталните модели на наставно-тренажните системи на хеликоптерите Ми-28Н, Ми-8АМТШ и Ми-8МТВ-5-1 влегуваат комплексен симулатор со систем за маневрирање, симулатор за наведување на авиони, систем за моделирање на тактичка ситуација и автоматизирани наставни системи за теориска обука на летачки и инженерско-технички кадар. Во состав на експерименталните модели на наставно-тренажните системи на хеликоптерите Ми-26, Ка-226В и Ансат-У се наоѓаат комплексен симулатор со систем за маневрирање и автоматски наставен систем за теориска обука. Симулаторот на екипаж на хеликоптер Ми-26 има значајна дополнителна опција: можност за увежбување вештини за дејствување при работа со товар на надворешен носач“, соопшти компанијата.
При изработката на системите се користени исклучително погодни верификувани математички модели на движење на летала, системи за визуелизација со исклучителен квалитет на слика, ефикасни погонски конструкции, практично во целина изработени од композитни материјали и технологии за виртуелна реалност.
Извор: Russia Beyond