Дел од производителите на компоненти и компании кои учествуваат во ланецот на набавки се наоѓаат во Вухан и поради тоа би можело да дојде до доцнење во производството на новиот iPhone.
Додека расте бројот на починати и заразени од смртоносниот корона вирус, бројни компании исто така е соочуваат со проблеми, а една од нив е Apple.
Имено, наскоро требаше да започне производството на новиот iPhone – не iPhone 12, туку наследникот на iPhone SE, а за првата половина од годината компанијата нарача околу 80 милиони iPhone уреди, при што телефоните ќе се произведуваат, секако, во Кина.
Главните центри за производство на хардвер за Apple во Кина се во провинциите Гуангдонг и Хенан, а соседна е провинцијата Хубеи каде се наоѓа градот Вухан, најголемото жариште на корона вирусот.
Ситуацијата со корона вирусот во Кина би можела да влијае на планираниот распоред на производство, а за ситуацијата со смртоносниот вирус проговори и првиот човек на Apple, Тим Кук.
Кук порача дека внимателно ја следат ситуацијата со вирусот, посебно затоа што станува збор за подрачје на кое се наоѓаат компаниите со кои соработува Apple. Тој додаде дека за производството на компонентите имаат и алтернативни извори кои ќе ги надоместат сите потенцијални загуби до кои може да дојде.
Инаку, наследникот на iPhone SЕ би требало да се појави веќе во март, но сега е јасно дека можно е да има и промена на плановите. Исто така, можно е вирусот да ги поремети и плановите за производство на актуелните модели на iPhone, за кои моментално има голема побарувачка.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли