Moto G8 Plus и G8 Play телефоните се достапни веќе со месеци, но моделот кој би требало да биде сместен помеѓу нив, се уште не е објавен. Сега се појавија нови рендери за Moto G8, кој го дели дизајнерскиот јазик со остатокот од G8 семејството.
Под една од камерите на задната страна е можно да се види macro ознаката. Според гласините, Moto G8 ќе има 16MP главна, 8MP ултраширока и 2MP макро камера. Четвртиот круг не е камера туку ласерски автофокус систем. Во логото на Motorola на задната страна, речиси сигурно ќе биде сместен сензорот за отпечатоци од прсти.
Од предната страна се наоѓа 6,39-инчен дисплеј со 720p+ резолуција. Селфи камерата од 8MP се наоѓа во рамките на punch-hole отворот и е прва за G-серијата (G8 Plus и Play имаат засек). Интересно е дека овие рендери се разликуваат од претходно протечените, кои сугерираа засек во облик на капка.
Телефонот има 3,5мм приклучок, а не е во целост сигурно дали ќе има и стерео звучници. Гласините сугерираат дека смартфонот ќе го покренува Snapdragon 665 чипсет и дека ќе има 4000mAh батерија со 10W опција на полнење.
Moto G8 заедно со Moto G8 Power моделот, се очекува во текот на MWC во Барселона. Motorola на 23. февруари ќе одржи сопствена презентација, во текот на која се очекува и конечната објава на премиум смартфонот на компанијата.