Huawei P30 Pro минатата година беше објавен по цена од 1000 евра, додека стандардниот P30 модел имаше почетна цена од 800 евра. Оваа година, цената на P40 линијата ќе биде пониска, барем според наводите на дојавувачот @RODENT950.
Тој очекува дека почетната цена на стандардниот Huawei P40 модел ќе изнесува 600 евра, додека основната цена на P40 Pro би изнесувала 800 евра. Оваа година ќе постои и трет модел, Huawei P40 Pro Premium edition, кој би требало да чини 1000 евра.
Се сугерира дека овие пониски цени делумно се условени од недостатокот на поддршка за Google Mobile Services (GMS). Сепак, купувачите можат да очекуваат врвни функции на хардверот, па така P40 Pro Premium ветува 10x оптичко зумирање на камерата, 5x зум кај Pro моделот и 3x зум кај стандардниот P40. Се очекува и подобрување на главната камера на 52MP со Quad Quad Bayer филтер.
Со оглед на тоа што се очекува дека цената на Galaxy S20 серијата ќе биде повисока (почетната ќе изнесува 900 евра; или 800 евра за моделот без 5G поддршка), ќе биде интересно да се види дали пониската цена на Huawei моделите, пред корисниците ќе ја постави дилемата дали можат без Google Play Store, Maps и другите сервиси.
Huawei P40 телефоните ќе бидат претставени во Европа кон крајот на март.
Поврзани артикли