Според гласините кои пристигнуваат од порталот XDA Developers, познат по многуте точни информации за претстојните телефони, новиот флексибилен уред на Samsung ќе се вика Galaxy Z Flip и ќе чини само 100 долари помалку од конкурентските модели.
Првичните информации сугерираат дека овој уред на јужнокорејската компанија ќе биде ексклузивен за неколку мобилни оператори во САД, но и дека отклучените телефони нешто подоцна ќе бидат достапни за продажба. Засега, цената која се споменува е 1400 долари, што е многу подобро од цената на Galaxy Fold од 2000 американски долари, а нешто помалку од флексибилниот модел на Motorola кој чини 1500 долари.
Упатените велат дека ценовната политика на Samsung е многу добро позиционирана, но дали и самиот уред ќе се покаже на тој начин, останува да се види на 14. февруари. Тогаш е закажано лансирањето на флексибилниот уред, само три дена по Unpacked настанот во Сан Франциско, на кој ќе биде претставена новата Galaxy S20 серија паметни теелфони.