Дојавувачот @evleaks неодамна го сугерираше постоењето на Motorola Edge Plus телефонот и сугерираше дека уредот наскоро ќе пристигне на операторот Verizon Wireless. Сега телефонот се појави на Geekbench, кој ги открива главните спецификации на уредот.
Во посебен твит, Evleaks спомена уште еден неименуван смартфон на Motorola, кој има punch-hole дисплеј и Stylus Pen. Неколку извештаи сугерираат дека ова би можел да биде Motorola Edge Plus со премиум карактеристики.
Motorola Edge Plus Geekbench листингот споменува дека уредот пристигнува со 12GB RAM и користи Android 10 од самиот старт. Матичната плоча на уредот го има кодното име „burton“. Кога се во прашање Geekbench резултатите, телефонот оствари 4108 поени во single-core и 12378 поени на multi-core тестот. Гледајќи ги овие резултати, се очекува дека процесорот на телефонот ќе биде Snapdragon 865.
Доколку навистина пристигне со поддршка за пенкалце, Motorola Edge Plus на пазарот би требало да биде конкуренција на Samsung Galaxy Note серијата.
Поврзани артикли