Motorola Razr 2019 ќе биде првиот преклопен флексибилен телефон достапен на пазарот, а уредот привлекува големо внимание во последните месеци. Сега Motorola објави неколку промо видео клипови, кои укажуваат на функциите на теелфонот, но и ги предупредуваат корисниците дека работата со екраните на флексибилните уреди бара поголема внимателност.
Во „Caring for Razr” видеото, Motorola укажува на потребата 6,2-инчниот екран на теелфонот дас е држи подалеку од потенцијални услови кои би можеле да го оштетат, како што се остри предмети и течност. Рекламата, исто така, потсетува дека Razr е отпорен на прскање со вода, и дека појавувањето на „испакнувања и издигнувања“ на екранот е нормално, со оглед на тоа дека дисплејот е креиран да се свиткува.
Компанијата објави и кратко видео кое ги опишува Moto искуствата (Moto Actions), со акции како што се движење за вклучување/исклучување на батериската лампа, скриншот движење со три прсти и завртување за вклучување на камерата. Надворешниот дисплеј, исто така е прикажан, а има опција за активирање со глас, што може да биде од корист.
Уште една реклама укажува на функциите на камерите на Razr теелфонот, кои го вклучуваат портрет режимот со светлосни ефекти, ноќен преглед за снимање во услови на слабо осветлување и памерни анимации на камерата, кои се пректираат на надворешниот дисплеј, за да се задржи вниманието на децата.
Поврзани артикли