Ни се ближи новата ера во која ќе доминира 5G технологијата. Ова е следниот голем чекор во развојот на електронски уреди, па би требало да знаеме што ќе се промени во однос на моменталната состојба.

Брзина

Ова е една од најголемите предности на 5G мрежата. Се очекува дека 5G ќе биде 100 пати побрза од 4G мрежата.

Со ваквата брзина, може да симнете филм за помалку од 10 секунди, а доколку користите 4G тогаш ќе ви бидат потребни околу 10 минути.

Капацитет

Сите сме го доживеале оној фрустрирачки момент кога сме во мал простор со многу луѓе, без разлика дали сме на концерт, во спортска сала, на аеродром, па не можеме да испратиме порака ниту да пристапиме до некоја интернет страница.

Мрежната инфраструктура не може да се носи со масовен број на уреди, што доведува до спор проток на податоци и е потребно подолго време за да се симне нешто од интернет.

Се очекува дека со 5G технологија ќе се реши овој проблем. Мрежата ќе има многу поголем капацитет од 4G мрежата. Тоа значи дека мобилните телефони ќе имаат подобар сигнал, но ќе можат да се поврзат повеќе уреди на иста мрежа.

Латенција

Мала, но значајна разлика постои помеѓу латенцијата и брзината. Латенцијата е време кое е потребно уредите да комуницираат едни со други, или со серверот кој им испраќа информации.

Тоа е она време кое поминува од моментот кога ќе му испратите порака на пријател до моментот кога неговиот телефон ќе регистрира дека има нова порака.

Брзината го одредува времето кое му е потребно на вашиот телефон да ја преземе содржината од некоја интернет страница.

 

Иако доцнењето се мери во милисексунди, тие се собираат при испраќањето и примањето огромни пакети информации за нешто сложени, како што се на пример, видео-снимките.

Латенцијата е веќе ниска кај 4G, но 5G практично ќе ја сведе на нула, пишува CNN.

Извор: B92.net