Messenger наскоро ќе можеме да го отклучиме со лице?

Facebook развива начин за безбедно да се заклучи Messenger, а се чини дека решението ќе им биде заклучување и отклучување на апликацијата со помош на лицето.

Сите обиди за зачувување на пораките се неуспешни во моментот кога телефонот паѓа во погрешни раце.

Оваа функција би можела да биде многу корисна, затоа што без оглед што користите за заклучување на својот мобилен телефон, сè може да се „пробие“.

Програмерот Жан Манчун Вонг изјави дека е во развој нова функција за Messenger. Би требало корисниците да можат да ја заклучат апликацијата откако ќе ја напуштат, дали веднаш или во рок до еден час. Покрај тоа, апликацијата би можела да се отклучи со употреба на Face ID.

Со оглед на тоа што Вонг напишал за пристап до ова со Андроид телефон, тоа дефинитивно не е оној Face ID кој го користи Apple, а веројатно ќе биде преименуван подоцна доколку Facebook не сака да оди на суд, пишува SlashGear.

Можеби уште поважно, текстот подолу сугерира дека деталите за препознавање на лицето не треба да се чуваат на Facebook серверите.

Извор: B92.net