Сертификат ги потврдува имињата Galaxy S20 и Galaxy S20+

Galaxy S серијата на премиум смартфони на Samsung е предмет на вестите веќе некое време, а останува само S20 ознаката да биде и официјално потврдена од јужнокорејската компанија.

Во меѓувреме, ни пристигнува потврда за Galaxy S20 и Galaxy S20+ имињата преку NBTC организацијата за сертификација од Тајланд. Споменатите имиња се потврдени за телефоните со кодни имиња SM-G980F/DS и SM-G985F/DS.

Броевите на модели се поклопуваат со претходните премиум телефони, каде што буквата F на крајот воглавно означува модел за меѓународните пазари, кој не е заклучен од провајдерите. Додатокот DS означува Dual-SIM, но не пристигнуваат сите телефони со опција за истовремена поддршка на две SIM картички.

Интересно е дека еден од телефоните од сертификатот всушност го носи името Galaxy S20, но очигледно е во прашање грешка при пишувањето. Телефоните се ставени на сертификација од Samsung Thailand одделението, но самиот сертификат сугерира дека уредите се произведени во Јужна Кореја.

NBTC не открива никакви информации за спецификациите, но се очекува дека Galaxy S20 и Galaxy S20+ ќе имаат Infinity-O displeje, 120Hz освежвање на екранот и редизајнирани системи на камерите.