Фановите на POCO со нетрпение очекуваат компанијата да го објави POCO F2 премиум смартфонот. Неодамнешните извештаи сугерираат дека POCO X2 би можел да биде ребрендиран Redmi K30.
Полскиот сајт MIUIPolska објави фотографија од POCO X2 телефонот, а тука се и главните спецификации на уредот.
Како што може да се види, телефонот има елиптичен засек во екранот (како кај Redmi K30 4G моделот). Исто така, видливо е и името POCO X2. Исто така е објавено и видео, кое ги прикажува About Phone и All Specifications страниците на POCO X2 телефонот. Ова открива дека процесорот работи на 2.2GHz, а би можел да биде во прашање Snapdragon 730G SoC.
Фотографиите дополнително откриваат дека телефонот е опремен со 8GB RAM и има интерна меморија од 256GB. Уредот користи MIUI 11 интерфејс, заснован на Android 10. Бројот на модел на уредот, кој е споменат е M1912G7BE и всушност му припаѓа на Redmi K30 4G телефонот (поради што се верува дека POCO X2 ќе биде ребрендиран).
Публикацијата сугерира дека POCO X2 користи “pheonixin” ROM. Кодното име Phoenix му припаѓа на Redmi K30 4G моддлот, додека суфиксот “in” означува дека се работи за верзија за Индија.
Поврзани артикли