Honor V30 Pro е најновиот премиум телефон на брендот Honor, а уредот има 40MP главна камера (со Quad Bayer, што значи дека ефективно се работи за камера од 10MP). Според информациите кои пристигнуваат од маркетинг менаџерот на Honor, компанијата нема да ги копира решенијата на другите производители, кои веќе објавија или планираат да објават телефон со 100MP+ камера.
Според наводите на Калианг Шенг, Honor ќе се одлучи за поголеми пиксели, а не за повисока резолуција на камерите кај своите смартфони. Во теорија, поголемите пиксели овозможуваат поголема осетливост, така што фотографиите можат да имаат повеќе детали и помалку шум. Меѓутоа, начинот на кој Quad Bayer сензорите работат е што ги комбинираат блиските пиксели во еден голем пиксел, што е покомплициран начин на оставрување на истата цел.
Крајниот заклучок е дека конкретната резолуција на сензорите има помало значење од неговата големина. Тоа значи дека иако 108MP резолуција сама по себе не пружа многу, големиот сензор кој оди со неа значајно придонесува за квалитетот на сликата. Од друга страна, тоа успешно може да се постигне и со помалку големи пиксели.
Поврзани артикли