Аналитичката компанија Gartner предвидува дека испораката на паметни телефони во текот на 2020. година ќе забележи раст во однос на претходниот период.
Анализата ветува раст во испораката на смартфони за 1,7 проценти во текот на 2020. година, во споредба со 2019 во текот на која е забележан пад од два отсто во однос на една година претходно.
Gartner очекува дека на растот најмногу ќе влијае пазарот на Кина, како и растечките пазари во Азија и Пацифик.
Кога е во прашање 5G пазарот, се очекува дека ќе сочинува 12 проценти од вкупната испорака на телефони во 2020. година. Меѓутоа, како што цените на 5G уредите ќе паѓаат по првобитното прифаќање на технологијата, Gartner истакнува дека 5G телефоните ќе сочинуваат 43 отсто од сите испораки на смартфони во текот на 2022. година.