Apple наскоро би можел да почне да го нуди новиот, подостапен iPhone. Според информациите на Bloomberg, снабдувачите на компанијата од Купертино ќе почнат со склопување на помалиот и поевтин iPhone модел веќе од февруари. Исто така, според наводите, Apple новиот смартфон ќе го претстави во март.
Извештаите, гласините и предвидувањата за поевтин iPhone почнаа да се појавуваат од минатата година. Некои од нив пристигнуваат и од аналитичарот Минг-Чи Куо, кој има добро реноме кога се во прашање предвидувањето на ситуациите во екосистемот на Apple.
Kuo и Bloomberg претходно истакнаа дека претстојниот подостапен iPhone ќе изгледа како iPhone 8 и дека ќе има 4,7-инчен екран. Ќе го покренува Apple A13 чипсет, кој се наоѓа и во iPhone 11 и iPhone 11 Pro моделите. Во одвоениот извештај на Bloomberg се истакнува дека Apple неодамна од своите партнери побарал да го засилат производството на A-серијата процесори.
Извештајот, исто така, споменува дека телефонот ќе има Touch ID вграден во копчето за вклучување и нема да има Face ID поддршка.
Поврзани артикли