Lufthansa и Google Cloud објавија дека потпишале договор за стратешко партнерство.
Тоа би требало да и овозможи на германската авиокомпанија да го подобри мониторингот на прекините во летовите и да обезбеди подобар увид во проблемите на линиите на авиокомпанијата.
“Преку таквата соработка, имаме значајна можност да направиме револуција во иднината на авиокомпаниите. Со спојувањето на најдоброто од она што Lufthansa и Google Cloud може да го нудат, ги решаваме најголемите предизвици на авиокомпанијата, што позитивно ќе влијае на искуството на над 145 милиони патници, онолку колку што годишно превезува авиокомпанијата“, изјави Томас Куријан, извршен директор на Google Cloud.