Samsung Galaxy Fold е првиот флексибилен смартфон на јужнокорејската компанија, а објавен е минатата година. Се очекува дека Samsung на 11. февруари ќе претстави нов флексибилен телефон – Samsung Z Flip, заедно со Galaxy S20 серијата. Меѓутоа, дојавувач од Кина објави фотографија која покажува дека Samsung подготвува уште еден Galaxy Z уред, кој има дизајн со три преклопи.
Samsung има за цел во текот на 2020. година да продаде шест милиони флексибилни смартфони. Се очекува дека Galaxy Z Flip ќе има почетна цена од околу 860 долари и ќе биде првиот флексибилен уред на компанијата за 2020. година. Galaxy Z Flip ќе користи Snapdragon 855 чипсет.
Кога е во прашање Galaxy Z со троен преклоп, ова би можел да биде следниот премиум модел на јужнокорејската компанија со спецификации од највисокиот сегмент. Останува да се види дали повеќе информации за овој уред ќе бидат објавени во текот на Unpacked настанот на 11. февруари во Сан Франциско.