Најголемата веб-страница за „забава за возрасни“ е цел на тужба на Американец со оштетен слух, кој тврди дека порнографскиот сајт го крши законот, бидејќи филмовите не содржат титлови.
Њујорчанецот Јарослав Сурис на суд ќе проба да докаже дека Порнхуб и останатите порно страници ги дискриминираат глувите и наглувите луѓе, бидејќи не нудат можност за гледање на видеата со титлови.
Открива дека двапати се обидел да гледа филмови на „Pornhub“: ‘Hot Step Aunt Babysits Disobedient Nephew’ и ‘Sexy Cop Gets Witness To Talk’ во ноември 2019. година и овој месец, но тврди дека поради недостаток на превод не можел да ги гледа снимките.
Во тужбата наведува дека Pornhub, RedTube и Youporn го прекршуваат законот за права на лицата со инвалидитет, бидејќи не им нудат можност да уживаат во нивниот производ како сите останати, пренесува ABC News.
На тужбата се огласил и претседателот на „Pornhub“, Кори Прис.
„Иако инаку не ги коментирам тужбите, би сакал да истакнам дека имаме категорија со титлови“, рекол за ABC News.