И покрај тоа, Facebook извести за пораст од осум отсто активни корисници во однос на минатата година.

Сите барем еднаш ќе си кажеме дека ни е довлно од притисокот кој социјалната мрежа Фејсбук ни го наметнува и дека не можеме постојано да покажуваме како живееме и колку сме среќни. Сепак, Фејсбук е популарно место на кое лесно може да стапите во контакт со роднините и пријателите кои не ви се баш блиски.

Откако помина една година од скандалот кој го откри „Кембриџ аналитиката“ кога беше откриено дека компанијата Фејсбук користи лични податоци од корисниците без нивна дозвола, дури 44 отсто од корисниците на возраст од 18 до 29 години ги избришале своите податоци, а хаштагот #DeleteFacebook повторно е популарен откако „Politiko“ објави дека директорот на Фејсбук, Марк Закерберг во текот на летото приватно се сретнал со некои новинари и аналитичари.

Меѓутоа, Фејсбук известил за порастот од 8 отсто активни корисници во однос на минатата година. Тоа значи дека оваа социјална мрежа месечно има дури 2.41 милијарда активни корисници низ целиот свет.

Што кога ќе се одлучите да го избришете Facebook профилот? Еве што кажале некои од поранешните корисници на Facebook.

„Тоа е како луд поранешен партнер кој никогаш не може да ве заборави“.

Џакс Остин, блогер кој ја прошетал Америка, одлучил да го избрише својот Фејсбук профил по минатогодишниот скандал. Сепак кога се обидел да го направи тоа баш и не успеал.

„Тоа го направиле да биде толку тешко што речиси едвај е возможно. Како луда поранешна девојка, никогаш не може да ве заборави“ – изјавил тој.

И други имале слични проблеми како Остин. Facebook е всушност како екосистем апликации, а тоа процесот на бришење го прави многу покомплициран. Апликациите за запознавање како што се Тиндер и Hingde и сервисот каков што е Spotify мора да користат Facebook за да се логирате на нив.

Остин на крајот својот Facebook профил го претвори во страница за фанови.

Извор: Espreso.rs