„Луј Витон“ безжични слушалки поскапи од iPhone 11

Оние кои имаат подлабок џеб и бараат слушалки не само за слушање музика, туку и како моден детал, сега имаат решение.

Премиум аудио брендот Master & Dynamic се здружи со модната куќа „Луј Витон“, а производот од оваа соработка е најновата верзија на Horizon Earphones слушалките.

Овие слушалки чинат 1.090 долари, што значи дека се поскапи од основниот iPhone 11 смартфон на Apple. Слушалките имаат слична цена како iPhone 11 Pro со 64 GB интерна меморија, додека верзијата на смартфонот на Apple со 256 GB е поскапа само 59 долари од слушалките.

Безжичните слушалки поседуваат технологија за поништување на вревата и Ambient Listening Mode, а го поддржуваат и импресивното Bluetooth 5.0 поврзување и функционираат на оддалеченост до 30 метри.

Батеријата не е лоша, трае 10 часа константно користење со едно полнење, а дополнително полнење осигурува куќиштето на слушалките, кое служи и како безжичен полнач.

„Луј Витон“ слушалките се достапни во црвена, бела, црна, розева и жолта боја.