Motorola Razr 2019 се најде во продажба од ноември, по цена од 1500 долари. Меѓутоа, она што е малку разочарувачки кај овој модел е што пристигнува со Snapdragon 710 чипсет, кој во овој момент е застарен. Samsung наскоро ќе го објави Galaxy Z Flip флексибилниот “clamshell” модел, кој се очекува на 11. февруари. Се очекува дека доаѓањето на овој уред ќе биде голем удар за Motorola Razr 2019, бидејќи е сугерирано дека ќе чини помалку и ќе има подобри спецификации.
Според наводите на медиумите од Јужна Кореја, Galaxy Z Flip ќе има цена помеѓу 863 долари и 1295 долари. Во било која комбинација, флексибилниот смартфон на Samsung е поевтин од 1500 долари, колку што чини Motorola Razr. Покрај тоа, Galaxy Z Flip ќе има и подобри спецификации од Razr.
Гласините досега открија дека Samsung Galaxy Z Flip ќе има 6.7-инчен AMOLED дисплеј со Infinity-O дизајн. Екранот ќе има ултра-тенко стакло, заштитено со пластичен филм. Motorola Razr има 6.2-инчен pOLED екран.
Galaxy Z Flip го покренува Snapdragon 855 мобилната платформа, а телефонот ќе има батерија со капацитет од 3300mAh, со поддршка за 15W брзо полнење. Razr телефонот има 2510mAh батерија.
За фотографирање, Galaxy Z Flip ќе користи селфи камера од 10MP, а тука е и секундардниот дисплеј за проверување известувања.