Експертите на државната корпорација „Роскосмос“ предлагаат од Земјата да се неутрализираат сигналите што ги емитираат странските шпионски сателити.
Тоа е начинот да се скрие доверливата активност на територијата на Русија од оперативното набљудување на „орбиталните шпиони“.
„Во временскиот интервал кога заштитениот реон ќе се најде во зоната на набљудување на инструментите на вселенскиот извидувачки апарат, треба да се обезбеди блокада на апаратурата за прием на сигнали на оние вселенски летала кои го препраќаат сигналот и се наоѓаат во полето на директна радиовидливост на тој вселенски извидувачки апарат“, се наведува во материјалите на стручњаците на компанијата. „Руски вселенски системи“ на кои се повикува РИА „Новости“.
Станува збор за креирање на голем број радиоелектронски станици на Земјата, кои имаат за задача да ги блокираат сигналите при пренесувањето на податоците од сателитите за оптичко, инфрацрвено и радарско набљудување до сателитите за реемитување кои ги проследуваат податоците до пунктовите за прием на Земјата. Таквиот метод на блокада, објаснуваат авторите на материјалот, може да се користи само кога шпионските сателити се надвор од полето на видливост на станиците на Земјата на нивните земји и не можат директно да ги праќаат своите снимки. За гарантирана блокада на каналите за сателитска врска треба да се користат истовремено неколку станици.
Авторите на проектот предлагаат да се состави база на податоци за странските извидувачки сателитски системи, да се утврди составот и локацијата на станиците на Земјата, да се состави протокол за нивната работа и да се дефинираат методите со кои ќе се блокира преносот на податоци на туѓите сателити.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли