Lexus ја лансираше својата прва верзија на целосно електричен автомобил, UX 300e со автономија од околу 300 километри.
Од Lexus објавија дека UX 300e ќе биде SUV, целосно електричен автомобил кој ќе потсетува на Volvo XC40 Recharge. Во Кина се очекува уште во текот на 2020 година, а во Европа треба да стигне во јануари 2021 година.
UX 300e ќе има литиум-јонска батерија од 54,3 kWh со погон на предните тркала и вртежен момент од 300 Nm. Со едно полнење моделот ќе може да помине околу 300 километри.
The 2021 Lexus UX 300e makes its premiere at the Guangzhou Auto Show with a 201 hp electric motor placed up front and a 54.3 kWh lithium ion battery pack that provides a maximum range of 248 miles. Additionally, sales for the crossover will begin globally later next year. #Lexus pic.twitter.com/KD135gvpCK
— Cole Marzen (@cole_marzen) November 25, 2019
За да достигне 100 km/h ќе му бидат потребни 7,5 секунди, додека максималната брзина ќе биде 160 km/h.
Внатрешноста на UX 300e ќе биде скоро идентична со онаа кај хибридните модели, со еден исклучок – ќе има автоматски менувач и специјални монитори за EV SUV модели.
Цената во Европа треба да биде некаде помеѓу 40 и 50 илјади евра.
Извор: Додај Гас