За крајот на Chrome апликациите се зборува уште од 2016. година, кога Google најави дека планира да ја укине поддршката. Речиси четири години подоцна, компанијата конечно ги приведе плановите кон крај, така што овие апликации наскоро ќе останат без поддршка за Windows, Mac, Linux и Chrome OS.
Од март оваа година, Chrome Web Store повеќе нема да прима нови апликации, но програмерите ќе можат да продолжат со ажурирање на постоечките се до јуни 2022. година. Кога се во прашање Windows, Mac и Linux, Google ќе престане со поддршка во јуни 2020. година, а во рамките на Chrome OS во јуни 2021. година. Оние кои имаат Chrome Enterprise и Chrome Education Upgrade ќе можат апликациите да ги користат нешто подолго, но до крајот на годината и тие ќе останат без таа привилегија.
Google разви хаб кој на програмерите би требало да им помогне од Chrome апликациите да преминат на веб апликации или оптимизација на Android апликациите за Chrome OS, а ќе можат да работат и со Chrome екстензии, бидејќи и натаму ќе добиваат поддршка.
Поврзани артикли