Пронајдена уште една планета во системот на ѕвезди Проксима Кентаури

Астрономите откриле дека во ѕвездениот систем на Проксима Кентаури се наоѓа уште една планета, покрај веќе откриената Проксима Б.

Во 2016 година, во орбитата Проксима Кентаури која од Земјата е оддалечена 4,2 светлосни години, пронајдена е потенцијална планета, а сега пристигна дополнителен сигнал за кој се верува дека припаѓа на „супер Земја“ која орбитира околу истата ѕвезда, што го прави тој планетарен систем сè поинтересен, велат астрономите.

Со помош на радио-телескопите ALMA во Чиле, забележани се светлосни сигнали од таа насока, a одговараат на појавата на уште една планета, наведуваат научните портали.

Новооткриената планета Проксима Ц веројатно има поголема маса од Земјата, но помала од Уран и Нептун. Експертите проценуваат дека таа орбитира околу својата ѕвезда на секои 5,2 земски години.

На нејзиниот сосед, веќе познатата планета Проксима Б, може да има живот.

Проксима Б е шест пати помала од новооткриената Проксима Ц и е 30 пати поблизу до својата ѕвезда, што ја прави значително потопла. Таа планета е 1,3 пати поголема од Земјата и орбитира околу својата ѕвезда на секои 11,2 дена земски денови.

Најголем проблем за живот на таа планета се ултравиолетовите и Х-зраците, кои се 100 пати помоќни од оние на Земјата затоа што Проксима Б е многу блиску до својата ѕвезда, пренесува CNN.

Извор: B92.net